Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи денеска на патниот правец Битола Ресен, загинаа две лица од Охрид. Информацијата за несреќата ја потврди СВР Битола.
Денеска, околу 13 часот и 40 минути на местото викано „Макази“ на излез од Ресен, во правец на Битола, дошло до судар помеѓу патничко возило Мерцедес со охридски регистарски таблички и товарно возило Волво. Со повреди се здобиле две машки лица од патничкото возило, кои починале на лице место, информираат од полицијата.
На местото на несреќата извршен е увид кој треба да ги расветли причините за трагичниот настан.
OhridNews