Во судот на обвинителската клупа поради напад со ножеви на двоецот од Арсенал, Месут Озил и Сеад Колашинац ќе завршат Ешли Смит и Џордан Нортовер, соопштува лондонската полиција.

Смит обвинет ќе биде за обид за кражба, вооружен напад на јавно место и поседување на дрога која ја имал во себе во текот на нападот. Нортовер на суд ќе се појави за обид за кражба и вооружен напад на јавно место.

Смит и Нортовер го нападнаа Озил пред неговиот дом. Германскиот репрезентативец при нападот имаше среќа бидејќи на совозачкото седиште беше Колашинац кој воопшто не се уплаши и со голи раце им се спротистави на вооружените напаѓачи.

Озил и Колашинац при крајот на јули кога беше инцидентот одредено време не беа дел од екипата, но подоцна им се приклучија на „топчиите“ и ги продолжија подготовките.

OhridNews

 

Скандал во Лондон: Озил нападнат со ножеви! (видео)