Во близина на струшкото село Радожда, вчера, околу 06.30 часот, при излегување од пловен објект од водите на Охридското езеро, затекнати се две лица од Радожда, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во пловниот објект пронајдени се рибарски мрежи, средство за риболов „САК“ како и друга риболовна опрема.

Истите се одземени, а по целосно документирање на настанот, согласно Законот за рибарство и аквакултура, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

OhridNews