Поранешната супер ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона и Рој Кин се нови двајца членови во Куќата на славните во англиската Премиер лига. Пред харизматичниот Французин и борбениот Ирец во Куќата на славните свое место добија Алан Ширер и Тиери Анри.
Кантона и Кин се едни од шесте фудбалери кои влез во Куќата на славните добија од гласањето на навивачите и стручното жири.
Среќен сум, но не изненаден од изборот за влез во Куќата на славните. Ќе бев изненаден ако ме одминеа и не ми го доделеаја заслуженото место, – во свој стил изјави Кантона.
Кантона во Премиер лигата играше за Лидс и Манчестер Јунајтед. Во англиската фудбалска елита францускиот фудбалер одигра 156 натпревари на кои успеа да постигне 70 погодоци. Со „црвените ѓаволи“ успеа да освои четири титули во Премиер лигата. Кин, пак, вкупно 12 сезони го носеше дресот на клубот од „Олд Трафорд“. Неуморниот ирски фудбалер учествуваше во освојување на седум титули и легендарната тројна круна во 1999 година.
OhridNews