Со поддршка на Општина Охрид, преку Одделението за култура обезбедена подготовка на две изданија на Брајово писмо од книгата „Гоце Делчев“ на Ванчо Николески.

По повод 4 Јануари-Meѓународниот ден на Брајовото писмо ја искажуваме нашата безрезервна поддршка за поголема инклузија на слепите лица и лицата со оштетен вид во сите сегменти на општественото живеење. Изданијата ќе бидат предадени на Библиотеката „Григор Прличев“ и на Здружението на слепи лица од Охрид. Минатата година подготвивме две изданија на Брајово писмо од Автобиографијата на Прличев, информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Брајовото писмо додава им овозможува на овие лица да имаат пристап до информации и контакт со надворешниот свет, а издавањето на книги со брајова азбука, обезбедува поголем пристап и до образованието, литературата и културните вредности.

Продолжуваме и во иднина да создаваме услови за поголема вклученост во заедницата на сите граѓани, бидејќи сите сме еднакви и заслужуваме подеднакви права и можности, додава Пецаков.

OhridNews