На сонцето се случиле две истовремени експлозии, што претставува многу ретка појава. Наса објавила снимка од овој настан, на која јасно можат да се забележат експлозиите на двете спротивни страни на сонцето.
Освен тоа, на фотографиите и видео снимката забележани биле и серија други експлозии на сонцето. Наса соопштила дека ниту една од овие моќни експлозии не била усмерена кон земјата.