Атлетскиот клуб Охрид се закити со две индивидуални награди на завршната церемонија од Атлетската федерација на Македонија за 2015 година.

Од охридскиот клуб наградени се тренерот Влатко Димитрив и Мартина Мироска која е прогласена за најдобра во млади младинки.

Димитров наградата ја доби во категоријата поединечно, а екипно му припадна на Филип Колевски од тимот на Куманово.

Најдобри атлетичари за 2015 година прогласени се Ристе Пандев во машка односно Фросина Ристеска во женска конкуренција.

Ohridnews