Фудбалерите на Верона, извојуваа голема победа во 23-та рунда од италијанската Серија А, совладувајќи го Јувентус со 2-1 (0-0) пред своите гледачи на стадионот „Марк Антонио Бентегоди“. Победата над актуелниот шампион и лидер на табелата е шлаг на тортата, бидејќи Верона последниве неколку недели бележи фантастични резултати.
Првиот дел понуди рововска битка на средината од теренот. Очекувано, Јувентус ја диктираше играта, но Верона со квалитетна игра во одбрана не потклекна и ја задржа мрежата чиста.
Второто полувреме продолжи на идентичен начин. Но гостите од Торино иницијативата ја капитализираа со погодок. Роналдо доби употреблива топка од Бентакур. Португалецот не успеа да го претрча противникот, но затоа го издрибла и со одмерен удар го совлада домашниот голман.
Асистентот на погодок на водечкиот погодок на Јувентус, Бентакур направи катастрофална грешка на својата половина. Верона од таа грешка креираш акција и постигна изедначувачки погодок. Стрелец беше Фабио Борини. За кулминација во Верона се погржија Леонардо Бонучи и Џампаоло Пацини. Дефанзивецот на Јувентус играше со рака во казнетиот простор, а судијата после прегледување на ВАР досуди пенал за домаќините. Сигурен егзекутор беше Пацини.
Поразот на Јувентус, ќе биде супер мотив за Интер кој со евентуален триумф во дербито со Милан ќе се изедначи со големиот ривал на врвот од табелата во Серија А.
OhridNews