Основниот суд Во Скопје го прогласи возачот Ѓорѓи Ѓорѓиески (1975)  виновен за предизвикување на тешката сообраќајна несреќа во која загина македонската музичка ѕвезда Тоше Проевски и го осуди на казна затвор од две години.

Одбраната на осудениот најави дека ќе ја обжали пресудата, која според неа не е донесена врз основа на релевантни докази.

Тоше Проевски животот го загуби во сообраќајната несреќа што на 16-ти октомври 2007 година се случи на автопатот Белград – Загреб во близина на Нова Градишка – Хрватска, кога возилото Туарег што го управуваше неговиот другар Ѓорѓиески со голема брзина удри во шлепер во движење по што заврши во заштитната ограда. Тоше загина на лице место, а возачот и менаџерката Лилја Петровиќ беа повредени.

Ohridnews