– Ги сменавме принципите на работа во цела македонија, први воведовме игра без услов,бонус на добивки овозможивме голем дел придобивки за играчите кои ги немале во минатогодишниот период –ни изјави директорот на Спортската обложувалница Премиер Наум Јованоски.
Спортската обложувалница не себично го помога и развојот на локалниот спорт. Беа дел од Тунирот во Мал Фудбал Охрид 2008, дел се од женската кошарка, а помагаат и голем број на проекти како во Охрид така и низ целата Република.
Во текот на две годишната работа Спортската обложувалница била сведок на “местенки“ и дојави за наместени натпревари.
– Постојат такви работи на овие простори, посебно кај нас на Балканот. За нас сепак тоа не преставува огромен проблем бидејќи ние сме еден огромен ланец на обложувалници. На нас останува да ги спроведиме сите благодети на играчите за да можат полесно да учествуваат во играта – додаде Јованоски.
За 20-тина дена започнува ЕП во фудбал, од обложувалницата највуваат интересни новини во пресрет на Еврото во Австрија и Швајцарија.