Се чини дека Ријана и Крис Браун се смириле речиси две години подоцна откако ја претепа пред доделувањето на Греми во 2009-та година. Најверојатно сега повторно ги интересира што се случува во животот на другиот.
Пејачката пред два дена го додала Крис меѓу луѓето кои ги следи на Твитер, а набрзо и тој го направил истото. Ова е првиот чекор кон смирување откако тој беше уапсен за нападот врз Ријана.
Тогаш во полицискиот извештај пишувало дека Крис ја удрил, ја задушувал, гризнал и се обидел да ја исфрли од автомобилот.