Со света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Европскиот митрополит Пимен, на која присуствуваше и поглаварот на Македонската православна црква Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Виена вчера беше одбележана двегодишнината од осветувањето на црквата Св. Наум Охридски, духовниот дом на нашинците кои живеат во престолнината на Австрија.
На литургијата присуствуваа голем број верници, како и и амбасадорот на Македонија во Австрија Д-р Ѓорги Филипов.
Чествувањата по повод двегодишниот јубулеј на Македонската православна црква во Виена, продолжуваат денеска со народен собир и богослужба на која ќе чининачалствува Архиепископот Стефан.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com