По повод двегодишнината од постоењето на Лајонс клубот „Охрид“, вечерва во х. “Белведере”во Охрид, ќе се одржи свечен бал со хуманитарен карактер.

Во рамките на програмата е предвиден официјален дел со доделување на награди на победниците на Лајонс Топ 10 и на учесниците на државните натпревари од музичкото училиште “Методи Патче”- Охрид, како и презентација на активностите на клубот од претходната година.

Програмата ќе биде збогатена со настап на реномирани културно-уметнички артисти.

Ohridnews