Ли Сању од кинеското село Ниувеи тврди дека во последниве две години јаде само трева и лисја. Вели дека по ништо не се разликува од своите соселани, освен што многу мириса на трева. Во почетокот тревата ја комбинирал со ориз, но набрзо и него го исфрлил од исхраната.
Сега вели дека не може да јаде месо. Некој пријател му понудил илјада долари да изеде парче месо, но не можел да го поднесе неговиот мирис. Претходно во селото бил познат како човек кој лесно се разболува, но откако ја променил исхраната ниту еднаш не посетил лекар. Вели дека дури и тумурот кој го имал на ногата го снемало. Од локалната болница која практицира традиционална кинеска медицина велат дека поголемиот дел од билките се јадат, но не препорачуваат никому да го следи примерот на Ли.