Од воведувањето на интервентната кардиологија на 21 јуни 2006 година, во , Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, има извршено 1045 интервенции. Ова беше соопштено на свеченоста што се одржа вчера во х. Инекс, со која Заводот за ја одбележа втората годишнина од воведувањето на интервентна кардиологија во своето работење.


Охридскиот кардиолошки завод е единствената здравстрвена установа надвор од Скопје каде се изведува интервентна кардиологија, истакна директорот д-р Никола Бакрачески. Тој информираше дека за две години со макотропна работа во болницата е создаден респектабилен тим кој зад себе има голем број интервенции.

По повод двегодишниот  јубилеј  Заводот за кардиологија во соработка со Здружението на лекари организираше стручна презентација на достигнувањата на оваа здравствена установа.

Ohridnews