ЕВН Македонија е добитник на две главни награди за препознавање на најдобрите во македонската е-трговија.
ЕВН Македонија го освои првото место во категоријата „Е-Трговец со најдобро искуство за е-плаќање“ и е добитник на наградата „Најдобра веб страна за плаќање на сметки“ за 2023 година благодарение на порталот „ЕВН Онлајн“, кој претставува интегрирани онлјан услуги за корисниците на ЕВН Хоме за олеснето добивање и плаќање на фактурите за електрична енергија. Свечениот настан за доделување на наградите и прогласување на победниците се огранизираше од страна на Aсоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ.
На натпреварот „Награди во е-трговијата“ учествуваа голем број македонски компании кои преку интегрирање на различни е-услуги во своите функционалности, директно придонесуваат во развојот на дигитализацијата во државата и им овозможуваат на граѓаните значителни олеснувања во секојдневниот живот.
„ЕВН Онлајн“ е активен од 2013 година. Интересот на корисниците постојано е во раст – уште од самиот почеток, но врвот се достигна за време на првите месеци на пандемијата. Во моментов околу 300.000 корисници месечно ги користат услугите за плаќање. Освен голем број услуги кои ги нуди „ЕВН Онлјан“, како добивање на фактурите по електронски пат, преглед на фактурите во било кое време, пријавување на состојби на потрошувачка и слично, порталот им овозможува на корисниците да добиваат и потврда за платена фактура на својот е-маил.
OhridNews