Вредни етнолошки експонати кои се дел од колекцијата на охридскиот Завод и Музеј, ќе бидат изложени пред јавноста во рамки на двете изложби кои ќе бидат организирани во петок на 28 ноември 2014 година во Музејот на Робевци во Охрид.

Според најавите, во рамки на првата изложба ќе биде изложена традиционална класна облека, која се носела во Македонија во минатите векови, а во рамки на втората изложба посетителите ќе можат да разгледаат различни експонати од рачна изработка.

-Во првата изложба, ќе бидат изложени клашеници и елеци, а во втората изложба, ќе има предмети од рачна изработка како што се пердиња, миленца, перници и друго. Рачната изработка е во изумирање и единствено оваа традиција продолжува да живее само преку музејските поставки и изложби, велат од Завод и Музеј.

Приредувач на двете изложби е етнологот м-р Марија Каневче.

OhridNews