Новајлијата во второлигашкото друштво Воска Спорт на големо работи на трансфер пазарот, засилувајќи ја екипата со искусни и квалитетни фудбалери. Најнови имиња во клубот од „Грашница“ се Изаир Емини и Енис Дервиши.
Емини ќе биде екстра засилување во фазата на напад за тренерот Раде Цицмиловиќ, додека Дервиши ќе ги реши сите проблеми на една од бековските позиции.
Дебитанотот во Втората МФЛ-запад претходно, во своите редови ги донесе Емир Алиу, Шпенд Асани и Ардит Демир.
OhridNews