Во период од четири дена охридските ракометари ќе одиграат два натпревари на домашен терен во плејаутот од Супер лигата.


Прв ривал во среда во 19 часот се ракометарите на Работнички додека в сабота „гладијаторите“ ќе ги одмерат силите со битолски Пелистер.

Опстанокот на охриѓани во Супер лигата не беше доведен во прашање и мечевите во плејаут лигата се шанса за докажување на помладите.

Мх.П.