Пар дињи од сортата Јубари биле продадени на аукција во Јапонија за 15720 долари, што е една од највисоките суми постигната за овој вид овошје. Дињите со сочно, портокалово месо, тешки 3,7 килограми, ги купил локален продавач за време на првиот ден од редовната годишна лицитација во градот Сапоро, на островот Хокаидо, на северот од земјата.
Рекородт сепак не бил соборен. Го држат две дињи од истата сорта за кои во 2008 година анонимен купувач платил околу 25 илјади долари. Јубари дињите се сметаат за статусен симбол во Јапонија, како доброто вино. Многу купувачи ги подаруваат на пријателите и колегите. Најдобрите плодови имаат совршен тркалезен изглед и мека кора со изедначена шара.