На улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга, на 5-ти март, патничко возило „Опел Вектра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 49-годишно лице од Струга, удрило во пешаците две 18-годишни девојки од струшкото село Радолишта.
- Од ударот тие се здобиле со повреди и биле префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По укажаната помош една од девојките била задржана на понатамошно лекување, а другата била пуштена на домашно лекување, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.
OhridNews