Детската новогодишна програма „Охридска новогодишна приказна“ продолжува и денеска на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

Во 12:30 часот ќе биде изведена новогодишната претстава „Каде е Дедо Мраз?!“. Во претставата се раскажува интересна приказна за новогодишна авантура на помошниците на Дедо Мраз. Во претставата играат: Дарко Богески, Јана Пауноска, Фаик Мефаиловски и Филип Кипровски.

Со почеток во 18:00 часот најмладите ќе можат да уживаат во претставата за деца „Четирите принцези и Дедо Мраз“. Во претставата преку креативна театарска игра и веселиот кловн Кики се интерпретира новогодишна тематика за четирите годишни времиња кои ја чекаат Новата година.

OhridNews