Најмалку две деца на возраст од осум години загинаа, а голем број се повредени, кога 52-годишна жена со нејзиниот автомобил влета во училница од основно училиште во југозападен Сиднеј.
Двете момчиња веднаш биле пренесени во болница во многу критична состојба, но починале од срцев удар откако спортскиот автомобил, кој го урнал дрвениот ѕид на основното училиште “Банкија” и ги прегазил, потврди полицијата. Три девојчиња на возраст од осум и девет години, исто така, се пренесени во болница со повреди. Тие остануваат во сериозна, но стабилна состојба, соопштија надлежните.
Уште 16 деца и нивниот учител биле третирани на самото место за мали повреди. Полицијата соопшти дека во класот имало 24 деца кога се случил инцидентот.
Властите веднаш ја уапсиле жената која била повредена од ударот, поради што ја хоспитализирале, каде ѝ направиле тестови за крв, за да се утврди дали била под дејство на алкохол. Неофицијално, жената изгубила контрола над возилото, кога излегувала од училишниот двор или додека се обидувала да го паркира.
OhridNews
Макфакс