Охридските стрелци продолжија со жетвата на медали освојувајќи две сребрени одличја на Меѓународниот турнир во гаѓање со воздушно оружје „Пирин 2019“, кој се одржа во соседна Бугарија.
Бронзените одличја со добар настап ги обезбедија Бојан Спасеноски во млади јуниори односно Марија Ангеловска во млади јуниорки. До финалната завршница солидни перформанси имаа останатите натпреварувачи кои не успеаја да се закитат со медал. Искуството кое се акумулира со само учество е големо и ќе послужи за подобри резултати во иднина.
Стрелците од охридскиот клуб продолжуваат со напорни тренинзи под палката на тренерот Валентина Гоџо и се подготвуваат за следните предизвици.
OhridNews