Полицијата во Чиле уапси две старици кои се обвинети дека тргувале со дрога. Кога упаднале во куќата на Марија Валдебенито(80) и Жизел Жилбер(72) пронашле два килограми кокаин и околу 65 илјади долари. Властите веруваат дека двете старици биле дел од синџирот препродавачи на дрога и дека со години дилале во својот крај, иако непосредно до нивната куќа се наоѓа полициска академија.


Според наодите на обвинителството Марија набавувала дрога преку свои контакти, а нејзината соучесничка ги препродавала. Стариците поради лошата здравствена состојба, наместо во затвор би можеле да бидат во куќен притвор до судењето.