Во СВР Скопје вечерва во 20.11 часот е пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.
Престрелката се случила на улица „Самоилова“ во Општина Чаир, во близина на кафе барот „Шиша бар“.
Во јавноста излегоа и имињата на убиените. Неофицијално се работи за Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени викан Лаци.
Голем број полициски екипи се распоредени кај Скопската чаршија. Од МВР информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
OhridNews
Фото: МИА