Двајца мотоциклисти се повредени во две одделни незгоди денес на кружниот тек во близина на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Двете незгоди се случиле во растојание од краток период на истата локација. Во незгодите повредени се двајцата возачи на моторите, кои изгубиле контрола над возилата од засега непознати причини. Мотоциклистите се здобиле со лесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Н.С.Ј.