Во периодот од 30 мај до 05 јуни, Центарот за јавно здравје Охрид зел материјали за тестирање на присуство на COVID-19 од 96 лица, во општина Охрид и Дебрца 50, во општина Струга и Вевчани 42, а во општина Дебар и Центар Жупа 4.

Од вкупно земените материјали, 53 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 40, Струга и Вевчани 11, Дебар и Центар Жупа 2), а 43 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-Мој термин (Охрид и Дебрца 10, Струга и Вевчани 31, Дебар и Центар Жупа. Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 3 лица, од општина Струга кај 12 лица, а од општина Дебар кај 1 лице. –  информира Центарот за јавно здравје.

Денеска беа регистрирани нови 5 случлаи на COVID-19 во Охрид и 7 во Струга, кои ќе влезат во неделниот извештај на Центарот за јавно здравје идната седмица.

Состојба со COCID-19 во регионот

Во моментов во Охрид има 2 пациент на домашно лекување и 3 хоспитализирани, а во Струга 3 пациенти се на домашно лекување и 9 хоспитализирани. Активни случаи во Охрид се 8, во Струга 20, а во Дебар 1. Под здравствен надзор од 14 дена во општина Охрид се 36 лица, во Струга се 63 лица. Во овој период починати се 2 лице од општина Струга.

Од почетокот на епидемијата до денес, 06 јуни, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 168 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 25 лица во општина Охрид и Дебрца, 91 лице во општина Струга и 52 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти во Охрид се 18, во Струга 52, а од Дебар и Центар Жупа 47. До сега нема починати пациенти од општина Охрид и Дебарца, од општина Струга се починати 20, а од Дебар и Центар Жупа 4 лица.

OhridNews