Охриѓанецот Марко Пејчиноски кој има само 12 години, денеска ќе плива од Св. Наум до Охрид. За подвигот Марко интензивно се подготвува речиси една година. Toj дотолку е поголем бидејќи Марко има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но како што вели, тоа не го спречува да го оствари својот голем сон, да го преплива Охридското Езеро.

Датумот 28 август, кој се совпаѓа со празникот Голема Богородица, го одбрал бидејќи 28 му е среќен број.

Марко ќе биде следен од медицинска екипа, тим на Црвениот крст, неговите најблиски и OhridNews. Предвидено е тој да стартува утрово во 9 часот од Св. Наум, а во зависност од временските услови, се очекува должината од близу 30 километри до Охрид тој да ја преплива за околу 9 часа.

 

 

 

Што се однесува до временската прогноза, утрово во 6 часот во Охрид е измерена температура од 16.8 степени Целзиусови, додека температурата на водата е околу 22 степени. Времето претпладне ќе променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 25 степени.

За подвигот на Марко Пејчиноски редовно ќе информираме во текот на денот.

OhridNews
фото: А. Момироска

 

Малиот но храбар Марко здравствените проблеми ги стави на „игнор“ да го преплива Охридското Езеро