Сертификатите на припадниците на Езерската полиција им ги врачи американскиот амбасадор, Филип Рикер, кој истакна дека оваа обука е потврда на добрата соработка помеѓу двете земји.
Директорот на бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, се заблагодари на помошта што американската влада и ја дава на Република Македонија на полето на безбедноста и одбраната. Тој истакна дека спроведената обука е една од стоте обуки кои ги финансира САД во рамки на меѓународната програма за контрола на извозот и граничната безбедност.