Дванаесет луѓе го преживеале падот на индонезискиот патнички авион што се сруши во планинскиот дел на островот Сулавеси, Индонезија. Меѓутоа, останатите 90 патници од авионот на Adam Air Boeing 737, исчезнале во несреќата.
Авионот оперирал на линија главен град Џакарта до градот Манадо, северен Сулавеси. Исчезнал од радарот на висина од десет илјади метри, на еден час до слетувањето. Преживеаните се префрлени во болница. Се трага по други евентуално преживеани.
извор:
Euronews