Oхридскиoт угостителски бренд „Cuba Libre“ денеска одбележува 12 години од постоењето.


По тој повод на најпознатата плажа во градот ќе се одржи голема роденденска забава на која ќе настапат охриѓанецот Петар Маркоски, кој во „Cuba Libre“ ќе го претстави  најновиот музички проект „Cover Songs Of The Famous“, со кој деновиве ја крстосува Македонија, и специјалните гости, познатиот кубански бенд  „TEAM DE AZUCAR“.


„Cuba Libre“ започна со работа како бар во стариот дел на Охрид во 2000 година и за кратко време стана омилено собиралиште на младите. Следуваше отворање на плажата „Cuba Libre“, како и ноќниот клуб во центарот на градот. Низ годините „Cuba Libre“ го градеше имиџот за денес да биде препознатлив белег на градот и синоним за добра забава.

Среќен роденден!!!

OhridNews