Одделот за организиран криминл при МВР поднесе кривични пријави против четворица македонски државјани З.Д.(33) и  Д.П.(32), двајцата од с.Радолишта – Струга,  М.Н.(39) од с.Падалиште – Гостивар и Љ.З.(42) од Скопје, поради постоење на основано соменение дека сториле кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење на мигранти”. Тие се сомничат дека заради стекнување со противправна имотна корист организирано дејствувале при обезбедување фалсификувани патни документи со цел илегално криумчарење на мигранти преку државната граница на Р. Македонија.

Според МВР, пријавените лица се дел од меѓународна организирана криминална група која се занимава со криумчарење на мигранти кои ги пренесувале од Р.Албанија преку територијата на Р.Македонија до Р.Италија. Исто така, од нивна страна на мигрантите е обезбедувано сместување и потребна документација, односно фалсификувани патни исправи и билети до  крајните дестинации.

Полицијата ги лиши од слобода сите осомничени на кои Истражен судија им одредил мерка притвор во траење од 30  дена.

Ohridnews