Како што јави „Макфакс“, Усаин и Којчев со избивање на решетката од прозорецот на бањата во објектот „Школо“ и со користење на дрвена талпа успеале да го прескокнат оградниот ѕид на Казнено поправниот дом и да побегнат.
Бегството на затворениците е забележано околу 06:00 часот при прегледување на видео-материјал снимен на безбедносните камери.
Веднаш започнало организирано пребарување околу ѕидот и пошироката околина. Се пребарувало и во затворениот дел во установата, а имало и вонредна проверка на сите објекти.
Службениците што биле на стражарските места каде што е извршено бегството се суспендирани.
Усаин бил осуден на казна затвор од година ипол за две кривични дела, тешка кражба што ја служел од петти мај годинава,а Којчев бил осуден за кривични дела лажно пријавување и тешка телесна повреда на затворска казна од две години и пет месеци, што ја издржувал од четврти септември минатата година.
За настанот веднаш е информирано Министерството за внатрешни работи, истражен судија и јавен обвинител извршиле увид на лице место.
извор: „Макфакс“