Вчера околу 14,30 часот на регионалниот пат Маврови анови-Дебар на место викано „Бигорски ливади“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ„МАН“ со српски регистерски ознаки и приколка „Кроне“ управувано од Д.М.(1973) од Р.Србија и ПМВ„Цитроен Ц-3“ со скопски регистерски ознаки, сопственост и управувано од Гиле К.(1940) од Скопје. Во незгодата на лице место починал возачот на цитроенот, додека неговата сопатничка Тана К.(1943) од Скопје, се здобила со тешки телесни повреди, по што на пат кон болница починала.

Увид на лице место извршиле истражен судија, јавен обвинител и полиција. Поради тешката несреќа сообраќајот на овој патен правец бил во прекин речиси 4 часа.

Ohridnews