На ден 24.09.2008 година, во 21 часот, во близина на депонијата ,, Буково“, на магистралниот пат Охрид-Ресен, се случи тешка сообраќајна  незгода во која животот го загубија лицата Влатко Пaнтоски-ди-џеј Пантер, роден 1977 година и Наумче Аврамоски -ди-џеј Бруце, роден 1985 година, двајцата познати музички работници од охридското Супер радио. Во незгодата со лесни телесни повреди се здоби лицето Ј.С. роден 1985 година од Охрид кој по укажаната лекарска помош е задржан на натамошно лекување во Општата болница во Охрид.

Сообраќајната незгода се случила во моментот кога возачот на товарно возило-влекач марка ,,Волво“, со албански национални ознаки движејќи се на планинскиот превој ,, Буково“ во правец кон Охрид, преминал на спротивната сообраќајна лента, каде во правец на Ресен се движело патничко моторно возило марка ,,Форд Ескорд,,  со охридски регистарски таблици управувано од, сега покојниот Влатко П.  Притоа, дошло до судир помеѓу задниот лев дел од полуприколката на влекачот и предниот лев дел од патничкото моторно возило кое од ударот се превртело на кровот на десната страна надвор од коловозот.

На лице место беше извршен увид од страна на Истражен судија и Заменик Јавен обвинител при Основниот суд во Охрид како и увидна екипа на СВР Охрид, поради што во времето од 21.10 часот до 00.30 часот сообраќајот беше прекинат во двете насоки.

По наредба на Истражен  судија, а поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело ,,Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, возачот на товарното возило е задржан во СВР Охрид .       

ohridnews