Две лица загинаа денеска во лавина на италијанската страна на масивот Мон Блан.

Како што јавија словенечките медиуми, во лавината настрадале 34 годишен Словенец и 36 годишен Италијанец. Обајцата алпинисти биле изненадени од лавината, која ги затрупала, а биле пронајдени два метра под снегот, пренесува „Макфакс“.

Највисокиот дел од Алпите секоја година зема сѐ повеќе жртви меѓу скијачите и планинарите, а спасувачките служби годишно имаат по стотина интервенции.

OhridNews