Во големите демонстрации во турскиот кварт Таксим против изградбата на трговски центар на местото на зелен парк, загинаа две лица, а над 1000 се повредени, пренесуваат турските медиуми.


Според последните информации, силниот дожд кој денеска врне во Истанбул, бил причина да се разотидат демонстрантите и полицијата. На терен се само комуналните служби кои го средуваат хаосот во истанбулскиот кварт каде се оштетени голем број деловни објекти, полициски и цивилни возила.

Демонстрациите во Истанбул избувнаа пред два дена во знак на протест против уништување на паркот во населбата Таксим, кои потоа прераснаа во незадоволство против актуелната власт.

OhridNews