Две лица загинаа, а пет се повредени откако во сабота авион од типот Ту-204 се запали при принудно слетување на московскиот аеродром Внуково, јави агенцијата ИТАР-ТАСС, пренесува „Макфакс“.
Во авионот на компанијата „Ред вингс“ кој долетал од Чешка имало вкупно 12 лица, четворица членови на екипажот и осум патници, а леталото се распаднало веднаш по слетувањето при што избувнал пожар.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев наредил да се формира комисија што ќе ги испита причините за авионската несреќа.
извор:„Макфакс“