Првопријавеното лице, на ден 01.06.2008 година околу 22 часот и 40 минути во патничко моторно возило марка ,,Ауди“, сопственост на второпријавениот, извршил полови дејствија врз лицето Н.Н. родена 1988 година од с. Велмеј која е со заостанат душевен развој.
Пријавените, околу 22.40 часот ја зеле оштетената од с.Велмеј и ја присилиле да влезе во возилото по што се упатиле кон споменик во близина на Белчишта.Таму, второпријавениот кој воедно бил и сопственик на возилото излегол надвор, додека првопријавениот ја соблекол оштетената и ја убедил на орален секс по што се обидел да изврши облуба но не успеал.
По преземените мерки, СВР Охрид ги пронајде сторителите и ги лиши од слобода. Се преземаат дополнителни мерки за документирање и расчистување на овој настан, соопшти СВР Охрид.
извор СВР Охрид