На младинските Олимписки игри, што од 16 до 28 август ќе се одржат во Нијанџинг, Кина, учество ќе земат двајца спортисти од Охрид.
Спортистот на Охрид за 2013 година, стрелачката Нина Балабан, на Олимпијадата ќе ја претставува Македонија како спортски Амбасадор на Меѓународниот олимписки комитет.
Боите на државното знаме на спортските терени, пак, ќе ги брани талентираниот и супер успешен велосипедист на охридскиот клуб „Екодром“ Јован Јованоски.
Тие ќе и се приклучат на неколкучлената олимписка делегација од Македонија, која деновиве треба да замине во Кина.
OhridNews