Станимир Димитровиќ (64) и Славко Банжиќ, двајцата блиски соседи од околината на Горњи Милановац во Србија, починале од инфаркт кој го добиле за време на заедничко пиење кафе.

Несреќниот Банжиќ планирал свадба за својот син па го повикал Димитровиќ во домот да разговараат за подготовките за свадбата.


Двајцата соседи почнале да пијат кафе кога Банжиќ се фатил за градите и рекол дека му е лошо. Набрзо стигнала брза помош и додека болничарите го носеле Банжиќ во возилото, на истите симптоми се пожалил и Димитровиќ.

Двајцата итно биле пренесени во болница, но, за жал не издржале. Лекарите утврдиле смрт од инфаркт.