На улица „Сирма Војвода“, во близина на социјални бараки до пред 5-6 дена имаше поставено контејнер во кој жителите од околните куќи и згради го фрлаа ѓубрето. Истиот деновиве е отстранет од јавното комунално претпријатие, се жалат жителите, кои се незадоволни од таквиот потег.


Тие тврдат дека се жртва на недоразбирања помеѓу „Комуналец“ и сопствениците на мини пазарчето кое се наоѓа во близина  кое  му е конкуренција на пазарот на јавното претпријатие.

-Истиот тој диво поставен пазар, доколку е таков треба да си го санкционира локалната самоуправа со нејзините инспекциски служби, а не да трпат граѓаните, велат жителите, кои бараат општината да реагира кај одговорните во јавното комунално претријатие да се отстрани грдата слика од улицата „Сирма Војвода“.


Жителите од „Сирма Војвода“ бараат комунален ред

OhridNews