Ракометарите со скопско потекло Бојан Спасовски и Јовица Младеновски се збогуваа со Ракометниот клуб Охрид и од следната сезона ќе бидат дел од новиот суперлигаш Бутел.
Спасовски и Младеновски дресот на „гладијаторите“ го носеа две сезони и учествуваа во повеќето успеси на охридскиот ракометен клуб во регуларниот и плејофот од Супер лигата, Купот на Македонија и Купот на ЕХФ.
Новајлијата во суперлигашкото друштво со ангажманот на Спасовски и Младеновски и Златко Мојсоски од Еурофарм Работник покажува сериозни амбиции за сезоната која доаѓа.
РК Охрид кој заврши на шестата позиција на табелата во плејофот најпрво ќе треба да се консолидира и да започне со кроење на екипа за шестата сезона во македонскиот ракометен крем.
OhridNews