„Секторот за внатрешни работи Велес презема мерки за расветлување на случајот и утврдување на причините. Во моментов се обавуваат разговори со повеќе лица меѓу кои има и осомничени кои се приведени во просториите на Секторот“ се вели во соопштението од СВР Велес.
Синоќа околу 20:30 часот засега непознати лица пукаа со автоматско оружје од автомобил „пежо 106“ кон автомобил „голф 3“ и го убија триесет и едногодишниот велешанец Блаже Стефанов, а го повредија четириесет и-две-годишниот Благој М на автопатот Велес – Градско кај местото „Исмаил Чешма“.
Од повредите на лице место починал возачот на автомобилот, Блаже Стефанов, додека сопатникот се здобил со повреди во долните екстремитети. Повредениот Благој М. Бил пренесен на хируршкото одделение во градската болница. Од таму велат дека тој е надвор од животна опасност
Велешани, пак, ја расплетоа приказната. Станувало збор за расчистување на меѓусебна нетрпеливост. Пукотницата ја поврзуваат со неодамнешна тепачка, но и со запален автомобил кон крајот на минатата година.
извор: „Макфакс“