Вчера околу 16 ч. во клубот за игри на среќа “Астра“ на улица „Нико Нестор“ во Струга  се случил инцидент во кој две лица се повредени со нож.


местото на инцидентот

Бетим Дика од струшкото село Ливада по вербалната расправија со вработените во „Астра“ се вратил по половина час назад, извадил нож и го повредил едниот работник од обезбедувањето во пределот на градите, а потоа му нанел повреди со нож во стомакот и на  вториот член на обезбедувањето  кој сакал да ги раздели. Во тој момент еден од вработените во клубот кој со цел   да го заплаши напаѓачот од  огнено оружје пиштол кој го поседувал со одобрение, испукал еден куршум во воздух, по што тој се оддалечил од  местото на настанот.

Повредените се пренесени и задржани во МЦ-Струга, од страна на ПС-Струга се превземаат мерки за расчистување на случајот.

извор:
МВР