Едно дете и параглајдерист се повредени во два одделни инциденти што вчера попладне се случиле во непосредна близина на авто-кампот „Љубаништа“.

Првиот инцидент се случил околу 17.30 часот кога параглајдеристот А.К. (31) од Русија при слетување со крилото од леталото го удрил М.Е. (12) од Радовиш. Од ударот детето се здобило со лесни телесни повреди и по извршениот лекарски преглед е пуштено на домашно лекување.

Вториот инцидент се случил 5 минути подоцна кога С.З.(54) исто така параглајдерист од Русија имал неуспешен одбид за слетување при што паднал и се здобил со скршеница на раката. Тој е пренесен во Коснозглобната болница во Охрид каде е задржан на лекување.

Ohridnews