Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид. Пријавените, на четврти овој месец, во 04 часот и 30 минути кај туристичкиот комплекс „Св.Стефан“, по настаната вербална расправија, физички нападнале 23- годишен скопјанец нанесувајќи му повеќе удари со раце и нозе. Со повреди во пределот на лицето, скопјанецот е пренесен во општата болница во Охрид а потоа префрлен во болница во Скопје. На овој настан, му претходело нарушување на јавниот ред и мир во една дискотека на охридското крајбрежје, во кое покрај пријавените, учествувале и сега повредениот и уште едно лице од Куманово.
Секторот за внатрешни работи Охрид, презема дополнителни мерки за утврдување на можно учество и на други лица во слученото нарушување на јавниот ред и мир во дискотеката како и на можно загрозување со опасно орудие при тепачка или караница случена кај туристичкиот комплекс „Св.Стефан“.
OhridNews