Доскорешниот член на Државната изборна комисија, Александар Новакоски и поранешната пратеничка Ристана Лалческа, се кандидати за новиот состав на ДИК. Тие се единствените охриѓани на листата на кандидати за  членови на ДИК, што ја утврди Собраниската Комисија за избори и именувања. На листата се наоѓаат вкупно 20 кандидати

Од кандидатите политичките партии во опозиција предлагаат претседател и двајца членови на ДИК, а партиите на власт заменик-претседател и тројца членови. При изборот на ДИК се применува и принципот на соодветна и правична застапеност. Се очекува до крајот на наредната недела да се комплетира и официјализира новиот состав на седумчлената Државна изборна комисија.

Државната изборна комисија Собранието на Република Македонија ја избира со двотретинско мнозинство.

Ohridnews