Двајца охриѓани на возраст од 23 и 25 години и едно лице од Кичево на возраст од 29 години заработија кривични пријави поради постоење основи на сомниение за сторени три кривични дела „тешки кражби“ на подрачјето на Охрид.
Според полицијата, пријавените во јануари и март годинава во три куќи во Охрид, чии сопственици се наоѓаат во странство, со употреба на подесен алат извршиле тешки кражби одземајќи техничка роба, 20 пара патики и разновиден алат, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 200.000 денари.
OhridNews